Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива [fr] [sq]

Во саботата на 15 јуни во Скопје, амбасадорот ја отвори конференцијата „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива” во организација на Европското движење и со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер.

Тој истакна дека двете земји се во период на интензивни разговори. Некои реформи се направени, други треба да се направат, а извештајот се подготвува. „Европското знаме го сочинува еден круг ѕвезди, а јас чувствувам дека ѕвездите се поволни, така што до крајот на годината може да бидат дадени поволни одговори на вашите очекувања”.

publie le 17/06/2019

hautdepage