Одбележување на Денот на македонската револуционерна борба [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во вторникот, на 23 септември, на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба. Владината делегација ја предводеше министерот Зоран Шапуриќ.

Во Градскиот парк во Скопје, заедно со доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот Матс Стефансон и со своите колеги, амбасадорот положи венец пред споменикот на Гоце Делчев, идеологот на Илинденското востание од 1903 година и еден од дејците на ВМРО (Внатрешната македонска револуционерна организација).

publie le 25/10/2018

hautdepage