Одбележување на Елисејскиот договор [fr] [sq]

Традиционалното француско-германско одбележување на Елисејскиот договор оваа година се одржа во тетовскиот Центар за балканска соработка - „Лоја" во Тетово.

JPEG - 67.8 ko

Публиката имаше можност да гледа проекција на француско-германскиот филм „Транзит" од Кристијан Петзолд (2018 година), проследена со дебата за новиот Договор за француско-германско пријателство потпишан на 22 јануари во Ахен, во контекст на предизвиците во регионот.

JPEG - 51.9 ko

Двајцата амбасадори ја отворија проекцијата пред многубројна публика, истакнувајќи дека двете земји влегуваат во една нова етапа од нивното пријателство и соработка, односно во фаза на приближување по фазата на помирување.

JPEG - 94.7 ko

По проекцијата на филмот следеше дебата со учество на проф. Маја Мухиќ, на Роберт Алаѓозовски, советник на Премиерот за култура и на поранешниот амбасадор, проф. Енвер Абдулаху. Учесниците ја нагласија примерната и сè уште актуелна вредност на француско-германскиот импулс за европската интеграција на регионот.

JPEG - 69.7 ko

publie le 29/01/2019

hautdepage