Oдбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Француското интернационално училиште - ЕФИС [fr] [sq]

Во средата на 25 септември, амбасадорот со своите соработници присуствуваше заедно со министерот за Образование и наука, г. Арбр Адеми, на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Француското интернационално училиште - ЕФИС. За време на свеченоста, амбасадорот упати честитки до оваа институција која од основањето досега образувала преку 8000 деца: „Ова училиште ги поседува сите вештини и знаења, но и иновативноста на професорите, родителите и учениците.

Посебна благодарност до професорите за нивната посветена работа. Оваа прекрасна приказна постојано ја има поддршката од Француската влада”. Во таа пригода, амбасадорот му врачи благодарница на директорот на компанијата НИКОБ, г. Кирил Лазаров, покровител на активностите за реновирање, а предаде и компјутери и друга информатичка опрема на ЕФИС.

publie le 28/09/2019

hautdepage