Одликување на г-ѓа Анита Рамаданова со бронзен медал за внатрешна безбедност [fr] [sq]

Во средата, на 17 април амбасадорот ја одликуваше г-ѓа Анита Рамаданова, секретар-преведувач во Службата за внатрешна безбедност при Амбасадата на Франција во Северна Македонија, со бронзен медал за внатрешна безбедност, што го доделува францускиот Министер за Внатрешни работи.

За време на приемот во резиденцијата на Франција, на којшто присуствуваа нејзини роднини, колеги и пријатели, како и претставници на македонското Министерство за Внатрешни работи, амбасадорот ѝ оддаде признание на г-ѓа Рамаданова за нејзините дваесет години во служба на Франција и француско-македонската соработка.

publie le 22/04/2019

hautdepage