Одликување на госпоѓа Теона Митевска со орденот Витез од Редот на Уметностите и Книжевностите [fr] [sq]

Во име на Министерот за Култура на Франција, во среда на 21 ноември, Амбасадорот ја одликуваше госпоѓа Теона Митевска, македонски режисер и сценарист со орденот Витез од Редот на Уметностите и Книжевностите.

Франкофон, автор на четири долгометражни филмови втемелени во реалноста од транзицијата на локалните општества, добитничка на повеќе меѓународни награди (Сараево, Лече, Александрија, Киев, Берлин), г-ѓа Митевска првенствено се дефинира како жена и посветен уметник („femartivist“, вели таа) во редот на филмските авторки Клер Дени и Урсула Мејер. Во својот говор, Амбасадорот ја истакна важноста од посветеноста на државните институции и нивната постојана присутност и одговорност за зачувување на уметничката слобода, како и постојана посветеност на Франција, особено преку „Еуроимаж“ да се зачува слободната и разновидна европска кинематографска креација.

Од своја страна, г-ѓа Митевска истакна колку француската култура имала влијание врз нејзиното творештво, почнувајќи од филозофијата на Сартр. Нејзините врски со Франција и со Франкофонијата се повеќекратни. Нејзиниот најнов филм „Кога денот немаше име“ (2016) обработува едно тешко прашање според вистински случај за нерешено убиство каде што мажот има доминантна улога во контекст на македонското општество зафатено од наглата и незаконска транзиција испреплетена со еден притаен меѓуетнички конфликт. Нејзиниот следен филм е посветен на тешката афирмација на жените во контекст на патријархалните традиции во овој регион, а е поврзан со вистински настан, скандалот од учеството на жената на традиционалниот натпревар резервиран само за мажи.

publie le 27/11/2018

hautdepage