Официјална посета во Прилеп: поддршка за Франкофонијата и можности за соработка во поглед на одржливиот и историскиот туризам [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за одбрана, престојуваше во официјална посета на Прилеп, каде што оствари средба со новоизбраниот градоначалник, д-р Илија Јованоски. За време на средбата, тие разговараа за можностите за соработка помеѓу амбасадата на Франција и градот Прилеп.

JPEG

Градоначалникот изрази поддршка за многу активната Франкофонија во Прилеп и му презентираше неколку можности за соработка, пред сè во поглед на одржливиот и историскиот туризам. Се разговараше и за можностите за соработка и инвестирање кај локалните компании, особено во случајот со "Еурокомпозит". Амбасадорот се сретна и со претседателот на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ (опозиција) на овој град и член на советот на општината, г. Петар Ристески. Потоа, тој ги посети компаниите "Микросам", специјализирана за изработка на модерни машини, контролирани од компјутер, за производство на композитни материјали и "Кули", компанија од текстилната индустрија чии производи беа претставени во 2016 година на Светскиот саем за облека "Première vision" во Париз. По овие средби, амбасадорот го посети манастирот Св. Архангел Михаил, во кој се чува еден од најстарите ракописи на македонски јазик. Пред заминување, амбасадорот го посети основното училиште "Браќа Миладиновци" во Добрушево, по препорака од Неговото Блаженство Архиепископот Стефан, каде што оствари средба со директорката и професорката по француски јазик. Во ова училиште францускиот јазик се изучува од шесто одделение.

publie le 02/03/2018

hautdepage