Официјално отворање на директната линија Скопје-Париз [fr]

JPEG

По повод свеченото отворање на директната линија Скопје-Париз на 4 април на аеродромот во Скопје, „ТАВ Македонија“, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и компанијата „Виз ер“ заеднички ја прославија новата можност за зајакнување на врските меѓу Франција и Македонија.
Г-ѓа Тамара Мешвениераџе, претставник на „Виз ер“, г. Зоран Крстевски, директор на „ТАВ Македонија“, Н.Е. Лоренс Оер, г. Миле Јанакиески, Министер за транспорт на Македонија.

Госпоѓа Тамара Мешвениераџе, претставник на „Виз ер“, потсети на посветеноста на компанијата што трае речиси три години во Македонија. „Виз ер“ е првата нискотарифна компанија што влезе на македонскиот пазар и што веќе има превезено повеќе од 700.000 патници. Компанијата внимава да одговори на македонската побарувачка и е задоволна од отварањето на оваа нова линија меѓу Франција и Македонија. „Се надеваме дека интересот за оваа линија ќе биде двостран со цел француските туристи да патуваат во Македонија и Македонците да одат во Париз или главниот град на туризмот во светот“, изјави г-ѓа Мешвениераџе. „Досега, интересот е извонреден. Денес е првиот лет, а ние веќе продадовме повеќе од 4.000 билети“.
JPEG

„Покрај туризмот, ние сакаме оваа можност да се преточи во раѓање на трговски партнерства меѓу Македонија и Франција“, изјави амбасадорката на Франција во Скопје. Сега размените меѓу двата главни града се олеснети поради растојанието од помалку од три часа со лет што го има двапати неделно.

publie le 20/02/2015

hautdepage