Охрабрувачки случувања во Македонија [fr] [sq]

Амбасадорот даде интервју за Радио Слободна Европа, каде што тој го пренесе својот поглед за актуелностите во Македонија и посочи некои перспективи за земјата.

Во интервјуто, амбасадорот ја поздравува работата на Владата, особено во поглед на заживувањето на процесот на европска и атлантска интеграција на земјата, симболизиран со неодамнешната посета на генералниот секретар на НАТО, г. Столтенберг. Тој, исто така, ги поздрави реформите во областа на судството, каде што Франција дава своја поддршка преку испраќање мисии за експертиза. Амбасадорот повика на решавање на политичките конфликти со продлабочување на парламентарната дебата. Што се однесува до загриженоста околу донесувањето на законот за јазиците, тој рече дека Македонија е на пат на смирување на состојбата, како од етничка, така и од политичка гледна точка, со оглед на значителното подобрување на климата на национален план во овие области во текот на изминатата година. Тој, исто така, го поздрави неодамнешниот напредок кон решавање на прашањето за името.

Interview dans son intégralité:

publie le 22/01/2018

hautdepage