Опозицијата посакува евро-атлантска интеграција на Македонија [fr] [sq]

На 16 јануари, амбасадорот оствари средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, придружуван од г. Игор Николов, член на извршниот комитет на партијата.

Во оваа прилика, г. Мицкоски ја потврди подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ активно да учествува во процесите на евроатлантска интеграција. Тој го информираше амбасадорот за тоа како неговата партија гледа на развојот на македонската политика и економија од април минатата година. Г. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има желба да придонесе кон продлабочувањето на француско-македонските пријателски односи воспоставени помеѓу двете земји. Амбасадорот му посака на г. Мицкоски голем успех во извршувањето на новата функција и ја поздрави подготвеноста партијата да има конструктивна и одговорна улога од како опозиција, со што ќе го даде својот очекуван придонес кон демократијата. Тој ја поздрави одлуката на партијата да учествува на приемот на Генералниот секретар на НАТО во Парламентот и изрази желба партијата да може да го продолжи својот целосен удел во законодавните дебати, каде што има значајна улога за конкретизирање на реформите коишто се очекуваат и кои се од општ интерес на земјата.

publie le 19/01/2018

hautdepage