Општи карактеристики [fr] [sq]

Општи карактеристики

Фото : Ф. де Ла Мур / МНР
Село во Брегот на Армор во областа Бретања

Површина

550 000 км2

Најширока земја во Западна Европа (речиси една петтина од површината на Европската унија), располага со широка морска површина (економска зона од исклучителна важност која се протега на 11 милиони квадратни километри).

Релјеф

· Низини : 2/3 од вкупната површина.

· Главни планински масиви : Алпи (чијашто највисока точка , Мон Блан, претставува највисок врв во Западна Европа - 4 807 метри), Пиринеи, Јура, Ардени, Централен масив и Воги.

· Крајбрежје : излегува на 4 морски површини (Северно Море, Ла Манш, Атлантски Океан и Средоземно Море), Франција располага со 5 500 км крајбрежна површина.

Клима

Три типа : океанска (запад), средоземна (југ), континентална (центар и исток).

Животна средина

· Зоните за земјоделско производство и шуми покриваат површина од 48 милиони хектари, односно 82 % од целоклупната површина на Франција.

· Шумскиот масив претставува 26 % од територијата и го формира третиот (по големина) масив на Европската унија, по оние на Шведска и Финска. Шумските површини во Франција се зголемија за 35 % од 1945 година и двојно пораснаа во последните 200 години.

· Во Франција може да се избројат 136 видови на дрвја, што е исклучително за една европска држава, а воедно и бројот на диви животни се зголемува : за 20 години, бројот на елени двојно се зголеми, а бројот на срни тројно.

Со цел да се зачуваат и да се искористат природните богатства на Франција, државата изгради:

· 7 национални паркови,
· 132 природни резервати,
· 463 зони за заштита на биотопите,
· како и 389 заштитени предели од Конзерваториумот за крајбрежје,
· тука може да се додадат и 35 регионални природни паркови кои покриваат повеќе од 7 % од територијата на Франција.

22,11 милијарди евра (145 милијарди франци) се наменети за заштитата на животната средина, односто 378 евра по жител (2480 франци). Управувањето со отпадните води и отпадоците претставува 3/4 од вкупниот расход.

На меѓународно ниво, Франција е дел од многубројни договори и конвенции, како оние изработени од Обединетите нации, за климата, биолошката разновидност и обесшумувањето.

www.environnement.gouv.fr

Население

60,7 милиони жители (2001). Густина : 107 жит/км2.

Франција има 52 градски населби со повеќе од 150 000 жители.

Првите пет по големина се :
Градска населба Број на жители во 2000 год.
1. Париз 9,8 милиони
2. Лион 1,4 милиони
3. Марсеј (Прованса) 1,4 милиони
4. Лил 1,1 милион
5. Тулуз 0,9 милиони

Административно уредување

Француската Република ги опфаќа :

· метрополата (поделена на 22 региони и 96 департмани),

· како и 4-те прекуокеански департмани (ПОД) - Гваделуп, Мартиник, Гвајана, Ла Реунион,

· тука спаѓаат и 4-те прекуокеански територии (ПОТ) - Француска Полинезија, Нова Каледонија, Валис и Футуна, француските територии во Австралија и на Антарктикот,

· единици на локална самоуправа со специфичен статус : Мајот и Сен Пјер и Микелон.

www.outre-mer.gouv.fr

publie le 16/04/2012

hautdepage