„Да го обоиме светот во портокалово“. Амбасадата на Франција во Скопје учествуваше во оваа глобална кампања за промовирање на правата на жените и девојките, против родово засновано насилство.
На 24 ноември, амбасадорот Сирил Бомгартнер, придружуван од аташето за внатрешна безбедност и аташето за соработка, го посети седиштето на македонската Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Директорката Елена Димушевска ги презентираше тековните проекти и предизвиците со коишто се соочуваат, како законодавни, така и за конкретна поддршка на жртвите.
На 30 ноември, конференцијата која заеднички ја организираа Франција, Шведска и ОБСЕ во Скопје, ја истакна состојбата со трговијата со луѓе во Северна Македонија, особено од перспектива на сексуалната експлоатација.
Crédit photographique : Ambassade de France à Skopje
Во текот на овие денови, зградата на амбасадата е обоена во портокалова боја, во знак на солидарност со жртвите на ваквото насилство. Борбата против насилството врз жените ќе биде една од основните цели на француското претседателство со Советот за човекови права (2021-2023).
#16Days
#stavikraj
#ставикрај #jepifund #endit