Организирање на граѓанското општество [fr] [sq]

Жан-Мари Камбасерес учествуваше на Меѓународната конференција на високо ниво за монетарната политика и финансиско управување,организирана од Народната банка во Скопје на 16 февруари.

Темата која беше третирана на овој настан, организиран во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (The Reinventing Bretton Woods Committee - RBWC) од Париз беше "Глобалната економска експанзија, динамиката на инфлацијата, финансиската стабилност и значењето за управувањето со финансиски средства во меѓународни рамки". Жан-Мари Камбасерес е поранешен пратеник и функционер на Социјалистичката партија, а моментално е претседател на Секторот за европски и меѓународни работи на Советот за економски, социјални и еколошки прашања, при државното Консултативно Собрание.Тој оствари средба во Владата со советниците на Премиерот, г. Талески и г. Маричиќ во врска со тековното структурирање на односите меѓу македонската Влада и граѓанското општество преку ад-хок совет и ги презентираше активностите на неговиот Совет, вклучително и на европско ниво, како и перспективите за соработка и размена во рамките на Франкофонијата, каде што Македонија е полноправна членка. Во текот на неговата посета, амбасадата на Франција организираше средба со универзитетски професори, дипломати и бизнисмени.

publie le 21/02/2018

hautdepage