Осврт кон светската титула на францускиот фудбалски тим [fr] [sq]

Во интервјуто за Сител, што го даде во вторникот, на 17 јули, амбасадорот зборува за патот до победата на фудбалската репрезентација на Франција, со млади фудбалери кои сигурно повторно ќе ги гледаме на големите натпреварувања.

Килијан Мбапе, кој беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство и кој го покажа целиот свој талент, совршено ја претставува оваа генерација на играчи кои ги бранат боите на триколорите.

Финалната вечер на Светското првенство, нашата амбасада ја организираше заедно со хрватската. Навивачите на двата тима го следеа натпреварот заедно, во присуство на амбасадорите Тимоние и Баришиќ, на Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, на Министерот за надворешни работи Никола Димитров и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

publie le 05/08/2018

hautdepage