Штотуку се лансираше регионалната платформа за едукација за медиуми ТАЛМИЛ, изработена во рамките на проектот „Expressions Balkaniques“. Дојдете и откријте ја нејзината содржина!
Регионалната платформа за едукација за медиуми е достапна на Интернет (ТАЛМИЛ > https://talmil.org/mk/за/) од вторник, 10 ноември 2020 година. Изработена во рамките на проектот „Expressions Balkaniques“, таа опфаќа различни теми: ширење лажни информации, идентификување на говор на омраза, или граѓанско новинарство. Содржината е достапна на албански, БХЦС (босански, хрватски, црногорски, српски), македонски, француски и англиски јазик. Проектот „Expressions Balkaniques“ го спроведува Canal France International со финансиска поддршка од француското Министерство за Европа и Надворешни работи.