Отпочнување на градежните работи на француската компанија НГЕ во Скопје, што претставува нејзин прв проект во регионот [fr] [sq]

Во среда, на 13 јуни амбасадорот присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи на француската компанија НГЕ за изградба на колекторскиот систем за отпадни води на градот Скопје, што претставува нејзин прв проект во регионот.

НГЕ е голема француска компанија со обрт од 1.869 милијарди евра во 2017 година и со 11.000 вработени. На градилиштето во Скопје, таа ќе користи две иновативни техники: санитарен ласер и берлинска преграда, со помош на метални профили, за правење ископи со многу голема длабочина.

Во оваа прилика, амбасадорот, заедно со градоначалникот на Скопје и шефот на Делегацијата на Европската унија, којашто го финансира овој проект, ѝ честиташе на компанијата НГЕ и ја истакна нашата соработка со градот Скопје, особено во областа на пречистувањето на отпадните води. Тој ја поздрави одлуката на НГЕ да отвори канцеларија во Македонија, што ќе го зајакне нашето економско присуство во земјата.

publie le 20/06/2018

hautdepage