Отворање на 33. Штипско културно лето [fr] [sq]

На покана на градоначалникот на општина Штип, г. Благој Бочварски, амбасадорот присуствуваше на 29 јуни на отворањето на 33. Штипско културно лето, со концертот на француско-македонскиот сопран, по потекло од Штип, г-ѓа Елена Голомеова.

На настанот присуствуваа градоначалниците од источниот регион на Македонија и многубројна публика којашто аплаудираше на програмата во изведба на двата јазика. Пред овој настан, амбасадорот оствари средба со градоначалникот Бочварски и го посети Мултимедијалниот центар на радиото "Канал 77" во придружба на неговиот основач, г. Горан Гаврилов. Амбасадорот даде интервју за ова радио, на коешто се разговараше за политичката состојба во Македонија, како и новите европски и атлантски перспективи што ги отвори договорот со Атина.

publie le 03/07/2018

hautdepage