Отворање на Музејот на Првата светска војна во Дојран [fr] [sq]

Амбасадорот беше поканет како почесен гостин на отворањето на овој музеј, кој содржи оддел посветен на Првата светска војна, а особено на борбите во регионот во кој француските војници учествувале во септември 1918 година.

Отворањето на овој музеј го означува почетокот на инвестициските напори на општината во поглед на нејзиното наследство поврзано со тој период: да ја истакне важноста на линијата на фронтот што минува низ нејзина територија. Амбасадата на Франција се запозна со овие проекти во перспектива на идна соработка во таа област, каде што во последниве години имаме реализирано голем број проекти, вклучително и промоцијата на "меморијалниот туризам", кој во конкретниот случај го комбинира запознавањето со историјата на овој крај со богато историско и еколошко наследство, околу Дојранското Езеро и блиските планини.s.

publie le 07/11/2018

hautdepage