Отворање на Танц Фест Скопје [fr] [sq]

Вршителот на должност, г. Станислас Мрозек, учествуваше на отворањето на Танц Фест Скопје, еден од најголемите културни настани во главниот град.

Директорката на фестивалот, г-ѓа Рисима Рисимкин, ја додели наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот на големиот француски кореограф и танчер, г. Дидие Дешан, директор на парискиот театар "Шајо" од 2012 година.

Господинот Мрозек оствари средба со г. Дешан по завршувањето на двете прекрасни кореографии од отворањето, "Орландина" со Танцовиот театар на Љубљана и "Д.О.Л." со Скопје танцов театар.

publie le 09/05/2018

hautdepage