Отворање на француското меѓународно училиште во Скопје [fr]

JPEG
Господине претседател на управниот одбор, драг Жан-Франсоа Ле Рок,
Господине директор, драг Себастијан Шевале,
Госпоѓо претставник на институцијата „ Mission laïque française“,
Господине национален координатор за франкофонија, драг Габриел Атанасов,
Драги родители и професори,

Огромна е честа за еден амбасадор на Франција да отвори француско училиште зашто таму ќе ги подготвуваме идните франкофони и франкофили, зашто преку врвниот квалитет на француското образование ние ја споделуваме нашата култура и го развиваме нашето влијание и бидејќи не може да има долготрајна француска економска активност без училиште што нуди образование од претшколска возраст до предметна настава. Секоја компанија што сака да се прошири во Македонија и многу странски амбасади прашуваат дали има француско училиште што обезбедува целосна образовна настава. Отворањето на француско училиште е важен фактор што дава придонес кон европската интеграција на Македонија.

Она што ЕФИС и неговиот директор го нудат денес е школска установа што нуди образование од претшколска возраст до крајот на петто одделение и договор со институцијата „Mission laïque française“ што му овозможува да се приклучи кон француската образовна мрежа што е присутна во повеќе од 130 земји. Иако веќе подолго време постоеше француска градинка во Скопје, нејзиниот развој во ЕФИС укажува на развојот на циклусот на основно образование и на мултикултурното и повеќејазично отворање зашто сите деца ќе следат настава на француски, англиски и македонски јазик строго почитувајќи ги француските програми.

Тоа е чест, но истовремено и одговорност. Одговорност што прифати да ја преземе претседателот на управниот одговор, Жан-Франсоа Ле Рок кој е веќе на чело на француските училишта во Сараево и Одеса и јас особено му се заблагодарувам. Кога го повикавме, тој веднаш дојде и се вклучи во проектот. Тоа е одговорност што ја прифатија родителите во управниот одбор на кои им оддавам признание за нивната отвореност и за успешната транзиција кон новиот систем. Тоа е одговорност што ја има од оваа година и вашиот директор Себастијан Шевал кој едногласно беше прифатен.

„Наставниците се одгледувачи на човековата интелигенција“ напиша Виктор Иго во многу познатата реченица во 1840 година. По повод свеченото отворање, јас упатувам силни желби за ЕФИС да се развие, да има многу дечиња со француска, македонска и друга националност и да ги поврзе Франција и Македонија денес и во иднина.

JPEG

publie le 20/11/2014

hautdepage