Отворање на годишното собрание на Меѓународната унија на Ромите [fr] [sq]

Амбасадорот оствари средба со претседателот на Меѓународната унија на Ромите, г. Зоран Димов и учествуваше во петокот, на 28 јуни, на отворањето на годишното собрание на оваа организација.

Тој изрази поддршка за претставниците на ромската заедница дојдени од целиот свет да сведочат за дискриминацијата со која сè уште се соочуваат, да го бранат ромскиот јазик, но исто така и да го продлабочат предлогот за создавање на ромски народен правобранител со седиште во Стразбур. Амбасадорот им оддаде почит на напорите што се преземаат во Северна Македонија и повторно ја искажа постојаната поддршка што амбасадата им ја дава на ромските невладини организации, како и на другите коишто се борат за признавање и интеграција на оваа заедница, особено преку нашата програма посветена на човековите права.

publie le 02/07/2019

hautdepage