Отворање на изложбата "Да ги ослободиме и обединиме нашите гласови!", организирана од Француската Алијанса на Тетово [fr] [sq]

Изложбата "Да се ослободиме и да ги обединеме нашите гласови! ", којашто е отворена во петок, 1 јуни во Домот на културата во Тетово, со присуство на амбасадорот на Франција, е кулминација на педагошкиот и мултиинституционалниот проект кој ги спојува 3 училишта: ОУ "Лирија" во Тетово, Основното училиште "Скендербеу" во Порој и средното училиште-гимназијата "7 март" во Тетово.

JPEG

Овој проект, поддржан од Францускиот институт во Скопје и спроведен од 3 француски волонтери од Алијансата, овозможи да се спроведат 4 работилници со учениците од партнерските институции, на тема слобода на изразување, и тоа на француски јазик. Повеќе од 80 млади луѓе учествуваа во активностите и беа во можност слободно да се изразуваат преку цртежите, текстовите и фотографиите кои беа собрани и презентирани за прв пат на отворањето. Во оваа прилика, некои ученици држеа говор за да кажат што им значи на нив слободата на изразување.

JPEG JPEG

Овој проект има за цел да го промовира францускиот јазик, но исто така и француските и франкофонските вредности на демократијата каде слободата на изразување е предуслов. Оваа иницијатива придонесува за зајакнување на врските помеѓу училиштата и на тој начин ја олеснува транзицијата на учениците од основно училиште во средно училиште, каде што исто така се нуди францускиот јазик.

publie le 20/06/2018

hautdepage