Отворање на конференцијата „1914-2014: Балканот, сто години од почетокот на Првата светска војна“ [fr]

Говор на Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер за време на отворањето на конференцијата „1914-2014: Балканот, сто години од почетокот на Првата светска војна“ што се одржа во Скопје на 28 јуни 2014 година

Драги колеги амбасадори на Германија, Австрија и Велика Британија,
Драг г. Замир Дика, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа,
Драг г. Вулнет Ахмети, ректор на државниот Универзитет во Тетово,
Почитуван г. Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир,

Денес во Сараево се одржува меѓународна средба за да се одбележи стогодишнината од започнувањето на Првата светска војна под покровителство на седум земји-членки на Европската Унија што го основаа „Сараево, срцето на Европа“ со цел да се промовира програма на едукативни, културни и спортиски настани во времетраење од десет дена. Сараево го симболизира разгорувањето на Првата светска војна, градот има свое посебно место во историјата на Европа, а денес, целта е да се пренесе на Балканот порака за солидарност и помирување, порака на мир и единство преку меѓународната програма и присуство на интелектуалци од разни политички и културни средини.
Комеморацијата на Првата светска војна само што започна во Франција со посебна структура специјално посветена на тоа и со особено внимание од француските власти, но ќе се навратам на тоа. Јас сакам да го ставам акцентот на тоа колку е важно за целиот Балкан, а особено за Македонија, да се размислува за огромната штета што им беше нанесена на македонската територија и народ. Често се истакнува до која мера балканските војни и разните меѓународни спогодби го обележаа регионот со конфликти и нерешени спорови. Меѓутоа, исто толку важна е и улогата на Првата светска војна што овде се смета како војна „што ја воделе другите“, односно Франција, Велика Британија, Австрија, Германија и нејзините сојузници. Спротивставувањето на големите сили несомнено е централен елемент од конфликтот на Балканот, но според мене, појдовната точка за размислување на оваа конференција е она на што се сеќава населението од овие споделени територии и смислата на конфликтот од денешен аспект. Ја користам приликата за да им се заблагодарам на организаторите.

JPEG
Кога зборуваме за Првата светска војна, треба да се потсетиме на неколку бројки: од десетте милиони загинати лица во војната, 1,5 милиони беа Французи и благодарение на ваквите комеморации, дознаваме дека на таа бројка треба да се додадат уште 4,3 милиони сериозно повредени лица што преживеале и кои живееа со хендикеп и големи трауми. Многу малку ја познаваат бројката на загинати лица на „Источниот фронт“ или „Солунскиот фронт“ или дури „Македонскиот фронт“ што започна во јули 1915 година, а заврши во септември 1918 година со капитулацијата на Бугарија. Еден милион војници и цивили загинаа, а беа од десет различни војски. Тоа претставува една десеттина од загубените животи, една десеттина од загинатите лица во светскиот конфликт. Од тој милион, 70.000 беа Французи.
Како Амбасадор на Франција, сакам да додадам дека 350.000 француски војници беа дел од таа војска што ја нарековме „Француска војска на Истокот“. А меѓу нив, околу 20% беа со потекло од француските колонии, главно до Сенегал, Мароко и Алжир. На француските гробишта во Битола, покрај 6.200 идентификувани гробови, речиси 20.000 тела беа пренесени во 1923 година. На француските гробишта во Скопје има речиси 4.000 останки на „Загинатите за Франција“.
Во таа насока, би сакала да ја истакнам огромната работа што ја имаме за да му дадеме на Источниот фронт вистинска историска и стратешка димензија. Конференции, брошура, изложби, мал музеј кој ќе биде отворен во Битола, сето тоа ја сочинува програмата на Амбасадата на Франција која има поддршката од Мисијата за стогодишнината во Франција. Ние впрочем започнавме со нашите колеги од Амбасадата на Германија и АНИМ (Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија) да работиме на изработка на еден француско-германски проект чија цел е да се напишат неколку страници историја за конфликтот во Република Македонија. Проектот е поддржан од француско-германската канцеларија за млади (ОФАЖ) и од здружението ЛОЈА и носи назив „Нови пристапи за изучување на Првата светска војна во Македонија“ со цел да се промовираат наставните единици.
Развивањето на сеќавањето на Првата светска војна во Република Македонија несомнено би имало важност и интерес од повеќе аспекти, и покрај историските фактори, со цел да се овозможи меѓународно признавање на штетата претпрена од земјата и нејзиниот народ сè до денес, за да се одржи сеќавањето, но и да се продолжи напред и да се изгради подобра иднина врз основа на прифаќањето и помирувањето.
За да заклучам, ќе ви кажам дека се гордеам што една делегација на млади Македонци, две момчиња и две девојки коишто се франкофони ќе се приклучат на меѓународното дефиле кое традиционално се одржува на Елисејските Полиња во Париз на францускиот државен празник, 14 Јули. Ми претставува задоволство и навистина сум горда што тие ќе учествуваат на еден таков собир на кој ќе има делегации од повеќе од 70 земји со цел да се одбележи денот, но и за се испрати порака за иднината на нашиот европски континент.
Дами и господа, драги колеги, ви благодарам.“

publie le 20/02/2015

hautdepage