Отворање на новиот хотел Меркур во Тетово [fr] [sq]

На 10 мај, во Тетово се отвори првиот хотел Меркур во Македонија.

На 10 мај во Тетово, амбасадорот учествуваше на отворањето на првиот хотел "Меркур" во Македонија, во присуство на премиерот Зоран Заев, на лидерот на ДУИ, г-дин Али Ахмети, на г-ѓа Теута Арифи, градоначалник на Тетово, на сопственикот на хотелот, г-дин Шефки Идризи, претставници на групата Акор, како и на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Во своето обраќање, амбасадорот му честиташе на брендот Меркур за нивната одлука да ја пренесат во Македонија француската умешност во хотелиерството, што е позитивен сигнал за француските инвеститори и му посака успех на менаџментот на хотелот.

Тој потсети дека Франција организира во Белград бизнис форум 👉 bit.ly/2J3ghiI каде што се очекува присуство на бројни македонски компании.

publie le 16/05/2018

hautdepage