Отворање на првиот Центар за универзитетски успех - "TrèFLE" [fr] [sq]

Во четвртокот, на 27 септември амбасадорот заедно со регионалниот директор на Универзитетската агенција за Франкофонија, г-дин Мохамед Кетата, заменик-министерот за образование, г-дин Петар Атанасов и ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" г-дин Никола Јанкуловски го отвори првиот Центар за универзитетски успех - "TrèFLE" (Детелина) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” - Скопје.

Во присуство на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, г. Таки Фити и ректорот на Битолскиот универзитет "Свети Климент Охридски", г-дин Сашо Коруновски, амбасадорот посака "TrèFLE" да им донесе среќа на студентите и професорите и да помогне во промовирањето на Франкофонијата во земјата. Разговорите околу вредностите на Франкофонијата продолжија на приемот во резиденцијата на Франција, во присуство на г-дин Кетата, на професорките Бабамова и Петров и на лекторката на новиот TrèFLE, г-ѓа Силвен Ајаш.

publie le 01/10/2018

hautdepage