Отворање на споменик во чест на загинатите во Новаци [fr] [sq]

Амбасадорот придружуван од г-ѓа Калиопа Стилиновиќ, почесен конзул, учествуваше во четврток, на 29 ноември во Брод, општина Новаци, на отворањето на споменик изграден по иницијатива на локалните власти во чест на војниците и цивилите кои загинале на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

На стогодишнината од крајот на Војната, тој ја истакна важноста од регионалното помирување, кое ќе ги отвори перспективите на земјата за европска и атлантска интеграција. Амбасадорот повика на меѓународна соработка и на зајакнување на мултилатерализмот со цел да се одговори на предизвиците, особено во областа на животната средина, кои веќе не се само национални, туку глобални.

Средбата со градоначалничката г-ѓа Наташа Петровска и претприемачите од локалните стопански комори, како и менаџерите на државните компании беше можност да се разговара за економска соработка и активностите кои се вклучени во програмата посветена на 50-годишнината од збратимувањето со градот Епинал, каде што од 7 до 9 декември ќе престојува делегација од Битола, што ќе претставува продлабочување на меѓусебните односи од 2017 година.

Амбасадорот исто така разговараше за состојбите во Битола, особено во областа на животната средина, со носителката на независната советничка листа во Битола и иницијатор на граѓанското движење "Поинаку", г-ѓа Габриела Илиевска.

publie le 03/12/2018

hautdepage