Отворени уписите во Француско Интернационално училиште во Скопје, 8 maj 2014

По повод отворањето на уписите овој четврток 8 мај, на француското меѓународно училиште, потцетување на метаморфозата на поранешната франкофонска градина за деца во Скопје која стана вистинско француско училиште.

Основана во 1999 година од Амбасадата на Франција, оваа установа којашто се наоѓа во општина Карпош започнува да се трансформира во 2012 година. Во оваа населба, каде што се сместени најпознатите меѓународни училишта, кои пред сè имаат настава на англиски јазик, установата што беше само франкофонска градинка веќе имаше одлична репутација, но тежнееше да прерасне во вистинско француско интернационално училиште. Двете први одделенија од основното училиште, CP и CE1, беа отворени во 2012 година, а по нив следеше отворањето на CE2 во 2013. Така се создаде Француското интернационално училиште во Скопје.

Со текот на времето, установата се модернизираше во соработка со Амбасадата на Франција во Скопје. Просториите се реновирани, обновена е опремата, додека сериозниот образовен пристап на училиштето е сертифициран од страна на француското Министерство за образование. Наставата е потврдена во согласност со француските програми, како и со модерните наставни практики, а за поздравување е и одличното ниво на познавање на францускиот јазик кај учениците.

Врз таа основа, Господинот Жан-Франсоа Ле Рок продолжи со управувањето на училиштето и му обезбеди финансиска поддршка. Како француски деловен човек, г. Ле Рок, познат по тоа што раководеше со Интернационалното француско основно училиште во Сараево и го формираше Француското приватно училиште во Одеса, тој е посветен на продолжување на процесот на трансформација на училиштето низ една долгорочна динамика. Охрабрен од поддршката на родителите, тој постави јасна цел: да се консолидира основното училиште и да се стигне до комплетен школски процес сè до последниот клас од средното училиште и полагање на француска или меѓународна матура.

Така, на почетокот на учебната година во септември 2014 во опција ќе бидат сите одделенија од основното училиште, од CP до CM2. Исто така, со установата ќе раководи француски директор во согласност со француските образовни критериуми. Уписите, коишто почнаа на 8 мај, ќе го означат почетокот на една нова етапа за EFIS. Наменето за ученици Французи, но и за македонски ученици, училиштето, исто така, е отворено за оние ученици коишто не се франкофони, а кои сакаат да го откријат јазикот на Молиер преку програмите за усовршување. Цврсто посветено на позитивниот импулс за Франкофонијата во Македонија, EFIS и дава траен карактер на единствената понуда во Скопје за квалитетно образование по француски јазик, како и на предметите коишто се предаваат на француски јазик.

Во тој поглед, Амбасадата на Франција му посакува многу успех!

publie le 11/11/2014

hautdepage