Панел дискусија на здружение на млади европски федералисти во Информативниот центар на ЕУ [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во саботата на 20 април на панел дискусијата што ја организираше Македонското здружение на млади европски федералисти во Информативниот центар на ЕУ, за можностите и конкретните предизвици на Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Во оваа прилика беше истакната важноста на следните европски избори и вклученоста на младите луѓе. Дискусијата со мотивираната публика, меѓу другото, се водеше и во врска со перспективите на регионот, како и за францускиот концепт за обнова на Европската унија.

publie le 24/04/2019

hautdepage