Од 2018 година, Парискиот мировен форум е место каде шефовите на држави и лидерите на меѓународните организации ги здружуваат силите со граѓанското општество и приватниот сектор за да изградат нови форми на колективно дејствување.
Во 2020 година, светот се соочува со невидена меѓународна здравствена криза. Повеќе од кога било, мултилатералната акција е потребна за решавање на различните импликации од пандемијата. Оваа година, со оглед на специфичниот контекст, Форумот ќе се фокусира на проекти и иницијативи од целиот свет кои имаат за цел да одговорат на кризата КОВИД-19, подобрување на колективниот капацитет за одговор на кризата и градење на поодржлив свет. Сите јавни и приватни организации ширум светот се поканети да ги достават своите проекти со пополнување на онлајн формуларот. Апликациите се може да се испраќаат до 12.05.2020 година до 18 часот. Дознајте повеќе и доставете го вашиот проект денес >>> bit.ly/3d8v3Uk