Партнерство со македонското граѓанско општество - Повик за проекти 2019 [fr] [sq]

Вториот повик за проекти за невладини организации е отворен до 18 септември. Тој ќе ги награди проектите за локален развој преку активности на одржлив туризам и спорт на отворено.

Како дел од активностите за соработка со Северна Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје има желба да развие партнерство со локалните здруженија и да ги поттикне иницијативите на граѓанското општество. За таа цел, таа објавува повик за прибирање на предлог проекти на НВО и истите ќе ги кофинансира.

Овој втор повик за проекти за 2019 година, има за цел да ги поддржи проектите за локален развој преку одржлив туризам и спортови на оторено. Туристичка промоција на македонските природни области, во однос на животната средина, мора да биде земена во предвид.

Поднесените барања до Амбасадата се доставуваат со апликација на француски јазик или на англиски јазик.

Апликациите треба да се достават по електронски пат, пред 18 septemvri 2019 година.

Само здруженијата регистрирани во македонските надлежни органи со повеќе од две години постоење се подобни да аплицираат на повикот.

Буџет и активности

Побараниот грант од Амбасадата не може да надмине 75% од вкупниот буџет на проектот. Исто така, грантот мора да изнесува меѓу 1.000 и 4.000 евра.
Посебно внимание ќе биде посветено на кохерентноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Активностите треба да бидат јасно наведени и точно да одговараат на целта од повикот за проекти.
Исто така може да се обезбеди техничка поддршка и комуникација.

Доколку сакате, може да остварите средба со аташето за соработка, Госпоѓа Жили Маравал, за да разговарате за вашиот проект, пишете ни.

Потребни документи за пријавување за програмата за партнерство:

- пополнет формулар
- фотокопија на статусот на здружението
- актуелен состав на Управен одбор и канцеларии (претседател, сметководител, генерален секретар),
- документ за регистрација на здружението во македонските надлежни органи,
- жиро-сметка на здружението
- евентуално достава на записник од последниот состанок на Генералното собрание, последните извештаи за активностите на здружението, флаери и постери на кои стојат податоци на здружението

Амбасадата го задржува правото да побара дополнителна документација или појаснување при разгледување на апликацијата.

Потпишување на договорот

Доколку досието биде прифатено, потребно е носителите на проектот во најкраток можен рок, пред почетокот на активностите, да потпишат спогодба за партнерство со Француската Амбасада. Договорот ќе ги вклучува правата и обврските на секој партнер.
Потпишувањето на договорите со корисниците ќе се споведе во текот на месец октомври 2019 година.

Носителите на проектот се обврзуваат на следното :
- редовно да ја информираат Амбасадата за развојот на проектот.
- поддршката на Француската Амбасада во Скопје да се споменува во кругот на партнерите.
- Истакнување на логото на Француската Амбасада во Скопје во целокупната комуникација со активноста (веб-страница, социјални мрежи, флаери, постери, публикации...)
- По завршувањето на проектот, во рок од три месеци, задолжително се подготвува финален финансиски извештај за состојбата како и писмен извештај. Финансискиот извештај треба да вклучува преглед на вкупниот буџет (прикажување на приходи и расходи) и детално треба да прикаже како се користел грантот од Француската Амбасада.

Потребно е барателот да го пополни формуларот на француски или на англиски јазик.
Кандидатурите треба да бидат испратени пред 18 септември 2019.

publie le 16/08/2019

hautdepage