Партнерство со македонското граѓанско општество - 2016 г. [fr]

Соочени со големите предизвици на современиот свет, Македонија и Франција споделуваат заеднички европски вредности, имено, почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата.

Вредности кои исто така ги промовира Франкофонијата, чиишто членки се и двете земји. Иднината на помладите генерации постојано нè загрижува и потребно е истата да ја доведеме до активности за промовирање на нивната мобилност и да им овозможиме вклучување во меѓународната средина.

Како дел од соработката со Македонија, Француската Амбасада во Скопје предлага партнерство со граѓанското општество со цел да поддржат проекти кои ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности.

Во 2015 година, со цел да развиеме партнерство, заеднички инициравме повик за предлог проекти наменети за помалите здруженија, кои често реализираат волонтерска работа, на кои е потребно да им се помогне во спроведување на локални и динамични проекти.

За 2016 година, потребно е проектите да припаѓаат на една од следниве две области :

-  промоција и заштита на човековите права, и тоа, прашања поврзани со слободата на изразување и борба против говорот на омраза, како и борба против дискриминацијата и родовата еднаквост.
-  младите и франкофонијата, поддршка на проекти од здруженија на млади или франкофонски здруженија кои работат на прашања поврзани со демократијата и владеењето.

Поднесените барања до Амбасадата се доставуваат со пополнет формулар.

Доколку сакате, може да остварите средба со аташето за соработка,, за да разговарате за вашиот проект.


Процедура за пријавување во програмата за партнерство :

Носителот на проектот барањето го доставува со пополнет формулар кон кој се приложуваат наведените документи во анекс.

Финансиската поддршка на Амбасадата не може да надмине 70% од вкупниот износ на проектот. Оваа финансиска поддршка е помеѓу 1000 и 5000 евра. Посебно внимание ќе биде посветено на доследноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Рокот за поднесување на барањата е од 1 февруари до 30 септември.

Доколку барањето е прифатено, потребно е носителите на проектот во најкраток можен рок, пред почетокот на активностите, да потпишат спогодба за партнерство со Француската Амбасада. Договорот ќе ги вклучува правата и обврските на секој партнер. Носителите на проектот се обврзуваат на следното :

  • - Редовно да ја информираат Амбасадата за развојот на проектот,
  • - Поддршката на Француската Амбасада во Скопје да се споменува во кругот на партнерите,
  • - Истакнување на логото на Француската Амбасада во Скопје во целокупната комуникација поврзана со активноста (веб-страница, социјални мрежи, флаери, постери, публикации...)
  • - По завршувањето на проектот, во рок од три месеци, задолжително се подготвува финален финансиски извештај за состојбата (прикажување на приходи и расходи) како и писмен извештај. Финансискиот извештај детално треба да прикаже како се користел грантот од Француската Амбасада.

Потребни документи за пријавување во програмата за партнерство:

  • - пополнет формулар,
  • - копија од статутот на здружението,
  • - актуелен состав на Управен одбор и канцеларии (претседател, сметководител, генерален секретар),
  • - документ за регистрација на здружението во македонските надлежни органи,
  • - жиро-сметка на здружението (во никој случај средствата не може да бидат префрлени на име на поединец)
  • - евентуално достава на записник од последниот состанок на Генералното собрание, последните извештаи за активностите на здружението, флаери и постери на кои стојат податоци на здружението.

Амбасадата го задржува правото да побара дополнителна документација или појаснување при разгледување на апликацијата.

Апликациите се доставуваат по електронски пат или во хартиена верзија на следната адреса :

Амбасада на Франција во Скопје
Служба за техничка соработка и култура
« Партнерски проект 2016 »
Ул. Тодор Александров бр. 165
1000 СКОПЈЕ

publie le 19/01/2016

hautdepage