Партнерство со македонското граѓанско општество - 2018 г. [fr]

Соочени со големите предизвици на современиот свет, Македонија и Франција споделуваат заеднички европски вредности, имено, почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата.

Вредности кои исто така ги промовира Франкофонијата, чиишто членки се и двете земји. Иднината на помладите генерации постојано нè загрижува и потребно е истата да ја доведеме до активности за промовирање на нивната мобилност и да им овозможиме вклучување во меѓународната средина.

Како дел од соработката со Македонија, Француската Амбасада во Скопје предлага партнерство со граѓанското општество со цел да поддржат проекти кои ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности.

За 2018 година, потребно е проектите да припаѓаат на една од следниве четири области :

• Промоција и заштита на човековите права : Контекстот на поднесениот проект мора да биде прецизен и експлицитно поврзан со едно од правата на меѓународните текстови (особено Европската конвенција за човекови права, Европската социјална повелба). Доставените проекти имаат за цел да ја сменат перцепцијата на македонското општество воопшто. Проектите кои целно насочуваат само една група на краен корисник нема да бидат прифатени.
• Младите : Поддршка на проекти од здруженија на млади или организации поврзани со теми за младите, разработени во рамки на Парискиот самит за Западен Балкан, кој се одржа во јуlи 2016 година, особено РИКО.
• Спорт : Ќе се разгледуваат проекти од областа на спортот, кои вклучуваат млади луѓе и ги истакнуваат вредностите на еднаквост, братство и надминување на самиот себеси.
• Животна средина: Проектите кои имаат за цел унапредување и почитување на животната средина може да бидат поддржани од амбасадата, ако имаат за цел едуцирање на добрите практики, особено кај младите луѓе.

Поднесените барања до Амбасадата се доставуваат со пополнет формулар.

Франкофонските проекти приоритетно ќе се разгледуваат доколку се однесуваат на една од четирите горенаведени теми.

Побараниот грант од Амбасадата не може да надмине 70% од вкупниот буџет на проектот. Исто така, грантот мора да изнесува меѓу 1.000 и 5.000 евра. Посебно внимание ќе биде посветено на кохерентноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Исто така, партнерството може да ги надмине рамките на субвенцијата, па техничка експертиза може да биде обезбедена од страна на Амбасадата во рамки на нејзините можности.

Доколку сакате, може да остварите средба со аташето за соработка, господинот Себастијан Ботро Бонтер, за да разговарате за вашиот проект, пишете ни на: franamba@t-home.mk

Процедура за пријавување во програмата за партнерство :

Барателот треба да го пополни формуларот и да ги достави наведените документи во прилог.

Побараниот грант од Амбасадата не смее да надмине 70% од вкупниот буџет на проектот. Исто така, грантот мора да изнесува меѓу 1.000 и 5.000 евра. Посебно внимание ќе биде посветено на доследноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Исто така, партнерството може да ги надмине рамките на субвенцијата, па техничка експертиза може да биде обезбедена од страна на Амбасадата во рамки на нејзините можности.

Првото разгледување на досиејата ќе биде кон крајот на месец април 2018, што значи дека досиејата треба да бидат поднесени до 14 април 2018 г. за ова прво разгледување.

Доколку досието биде прифатено, потребно е носителите на проектот во најкраток можен рок, пред почетокот на активностите, да потпишат спогодба за партнерство со Француската Амбасада. Договорот ќе ги вклучува правата и обврските на секој партнер. Носителите на проектот се обврзуваат на следното :

  • - Редовно да ја информираат Амбасадата за развојот на проектот,
  • - Поддршката на Француската Амбасада во Скопје да се споменува во кругот на партнерите,
  • - Истакнување на логото на Француската Амбасада во Скопје во целокупната комуникација поврзана со активноста (веб-страница, социјални мрежи, флаери, постери, публикации...)
  • - По завршувањето на проектот, во рок од три месеци, задолжително се подготвува финален финансиски извештај за состојбата (прикажување на приходи и расходи) како и писмен извештај. Финансискиот извештај треба да вклучува преглед на вкупниот буџет и детално треба да прикаже како се користел грантот од Француската Амбасада.

Потребни документи за пријавување во програмата за партнерство:

  • - пополнет формулар,
  • - актуелен состав на Управен одбор и канцеларии (претседател, сметководител, генерален секретар),
  • - документ за регистрација на здружението во македонските надлежни органи,
  • - жиро-сметка на здружението (во никој случај средствата не може да бидат префрлени на име на поединец)
  • - евентуално достава на записник од последниот состанок на Генералното собрание, последните извештаи за активностите на здружението, флаери и постери на кои стојат податоци на здружението.

Амбасадата го задржува правото да побара дополнителна документација или појаснување при разгледување на апликацијата.

Апликациите се доставуваат по електронски пат, на француски, македонски или англиски јазик.

publie le 28/03/2018

hautdepage