Партнерство со македонското граѓанско општество - Повик за проекти 2020 [fr] [sq]

Објавуваме повик за проекти за невладини организации
Две теми се приоритетни: еднаквоста помеѓу жените и мажите и развој на одржлив туризам.
Апликациите треба да се достават пред 12 март 2020 година

Како дел од активностите за соработка со Северна Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје има желба да развие партнерство со локалните здруженија и да ги поттикне иницијативите на граѓанското општество. За таа цел, таа објавува повик за прибирање на предлог проекти на НВО и истите ќе ги кофинансира.

Две области се посочени на овој повик за проекти :
• Промовирање на правата на жените, нивно оспособување и еднаквост помеѓу жените и мажите
• Развој на одржлив туризам и спорт на отворено : туристичка валоризизација на македонските природни подрачја, со загриженост за еколошкото почитување на животната средина

Поднесените барања до Амбасадата се доставуваат со апликација на француски јазик или на англиски јазик.

Апликациите треба да се достават по електронски пат, пред 12 март 2020 година до 17:00 часот.

Само здруженијата регистрирани во македонските надлежни органи со повеќе од две години постоење се подобни да аплицираат на повикот.

Буџет и активности

Побараниот грант од Амбасадата не може да надмине 75% од вкупниот буџет на проектот и истиот не смее да надмине 3000 евра.
Посебно внимание ќе биде посветено на кохерентноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Активностите треба да бидат јасно наведени и точно да одговараат на целта од повикот за проекти.
Исто така може да се обезбеди техничка поддршка и комуникација.

Доколку сакате, може да остварите средба со аташето за соработка, Госпоѓа Жили Маравал, за да разговарате за вашиот проект, пишете ни.

Потребни документи за пријавување за програмата за партнерство:

  • - пополнет формулар
  • - предлог буџет во евра и во денари
  • - фотокопија на статусот на здружението
  • - актуелен состав на Управен одбор и канцеларии (претседател, сметководител, генерален секретар),
  • - документ за регистрација на здружението во македонските надлежни органи,
  • - жиро-сметка на здружението
  • - евентуално достава на записник од последниот состанок на Генералното собрание, последните извештаи за активностите на здружението, флаери и постери на кои стојат податоци на здружението

Амбасадата го задржува правото да побара дополнителна документација или појаснување при разгледување на апликацијата.

Потпишување на договорот

Доколку досието биде прифатено, потребно е носителите на проектот во најкраток можен рок, пред почетокот на активностите, да потпишат спогодба за партнерство со Француската Амбасада. Договорот ќе ги вклучува правата и обврските на секој партнер.
Потпишувањето на договорите со корисниците ќе се споведе во текот на месец април 2020 година.

Носителите на проектот се обврзуваат на следното :
- редовно да ја информираат Амбасадата за развојот на проектот.
- поддршката на Француската Амбасада во Скопје да се споменува во кругот на партнерите.
- Истакнување на логото на Француската Амбасада во Скопје во целокупната комуникација со активноста (веб-страница, социјални мрежи, флаери, постери, публикации...)
- По завршувањето на проектот, во рок од три месеци, задолжително се подготвува финален финансиски извештај за состојбата како и писмен извештај. Финансискиот извештај треба да вклучува преглед на вкупниот буџет (прикажување на приходи и расходи) и детално треба да прикаже како се користел грантот од Француската Амбасада.

Потребно е барателот да го пополни формуларот на француски или на англиски јазик.
Кандидатурите треба да бидат испратени пред 12 март 2020.

publie le 23/02/2020

hautdepage