Партнерство со македонското граѓанско општество, втор повик – септември 2018 [fr] [sq]

Како дел од соработката со Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје предлага партнерство со граѓанското општество коешто има за цел поддршка на проекти што ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности.
Вториот повик за предлог проекти за 2018 година, се однесува на проекти со ниски финансиски трошоци.

Повикот за проекти, за вториот повик 2018, се однесува на две тематики:

Промовирање на човековите права и младите : Вклучува мобилизирање на младите луѓе околу човековите права, особено во борбата продив дискриминацијата и за заедничко живеење. Проекти кои исто така ја подигаат свеста за правото на здрава животна средина кај младите луѓе.
Зелен туризам и зајакнување на македонското природно наследство: Ќе се разгледуваат проекти за туристичка промоција на македонските природни подрачја, со загриженост за еколошкото почитување на животната средина.

Поднесените барања до Амбасадата се доставуваат со пополнет формулар.

Франкофонските проекти приоритетно ќе се разгледуваат доколку се однесуваат на една од четирите горенаведени теми.

Побараниот грант од Амбасадата не може да надмине 90% од вкупниот буџет на проектот. Исто така, грантот мора да изнесува меѓу 1.000 и 3.000 евра. Посебно внимание ќе биде посветено на кохерентноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Исто така, партнерството може да ги надмине рамките на субвенцијата, па техничка експертиза може да биде обезбедена од страна на Амбасадата во рамки на нејзините можности.

Доколку сакате, може да остварите средба со аташето за соработка, Госпоѓа Жили Маравал, за да разговарате за вашиот проект, пишете ни на : franamba@t-home.mk


Постапка за поднесување кандидатура за проектот за партнерство:

Барателот треба да го пополни формуларот и да ги достави наведените документи во прилог пред 15 септември2018 година.

Побараниот грант од Амбасадата не смее да надмине 90% од вкупниот буџет на проектот. Исто така, грантот мора да изнесува меѓу 1.000 и 3.000 евра. Посебно внимание ќе биде посветено на доследноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Исто така, партнерството може да ги надмине рамките на субвенцијата, па техничка експертиза може да биде обезбедена од страна на Амбасадата во рамки на нејзините можности.

Досиејата ќе се разгледуваат на крајот на месец септември 2018 година.

Доколку досието биде прифатено, потребно е носителите на проектот во најкраток можен рок, пред почетокот на активностите, да потпишат спогодба за партнерство со Француската Амбасада. Договорот ќе ги вклучува правата и обврските на секој партнер.

Носителите на проектот се обврзуваат на следното :

- Редовно да ја информираат Амбасадата за развојот на проектот.
- Поддршката на Француската Амбасада во Скопје да се споменува во кругот на партнерите,
- Истакнување на логото на Француската Амбасада во Скопје во целокупната комуникација поврзана со активноста (веб-страница, социјални мрежи, флаери, постери, публикации...)
- По завршувањето на проектот, во рок од три месеци, задолжително се подготвува финален финансиски извештај за состојбата (прикажување на приходи и расходи) како и писмен извештај. Финансискиот извештај треба да вклучува преглед на вкупниот буџет и детално треба да прикаже како се користел грантот од Француската Амбасада.

Потребни документи за пријавување во програмата за партнерство:

- пополнет формулар,
- фотокопија од статутот на здружението,
- актуелен состав на Управен одбор и канцеларии (претседател, сметководител, генерален секретар),
- документ за регистрација на здружението во македонските надлежни органи,
- жиро-сметка на здружението (во никој случај средствата не може да бидат префрлени на име на поединец)
- евентуално достава на записник од последниот состанок на Генералното собрание, последните извештаи за активностите на здружението, флаери и постери на кои стојат податоци на здружението.

Амбасадата го задржува правото да побара дополнителна документација или појаснување при разгледување на апликацијата.

Апликациите се доставуваат по електронски пат, или по пошта, на следнава адреса :

Амбасада на Франција во Скопје
Служба за соработка и култура
« Партенрство со македонското граѓанско општество 2018 »
Ул. Тодор Александров бр. 165
1000 СКОПЈЕ

publie le 27/08/2018

hautdepage