Плодна размена за време на средбата со градоначалничката на Арачиново [fr] [sq]

На 28 февруари, амбасадорот го посети Арачиново, општина со мнозинско албанско население на подрачјето на Скопје. Тој во оваа прилика разговараше со новоизбраната градоначалничка, г-ѓа Миликије Халими (СДСМ) и со советникот за меѓународна соработка г-дин Нехат Рамадани на теми како што се различните приоритети и проекти за економски развој на општината, особено во поглед на прочистувањето и снабдувањето со вода, како и на промоција на жените.

Се разговараше за можностите за соработка со Француски институт во Скопје - Institut français de Skopje (IFS), за унапредување на Франкофонијата и на нејзините вредности, за поддршка на францускиот јазик во образованието во локалните училишта во Арачиново и организација на активности насочени кон младите луѓе. Амбасадорот ги покани своите соговорници да учествуваат во идните активности на IFS. По средбата, тој ја посети џамијата "Неда" и разговараше со имамот на оваа џамија, г-дин Шефкет Бефќари, со кого разменија мислења за прашања во врска со организацијата од религиски аспект, меѓурелигискиот дијалог, како и активностите на муслиманската заедница.

publie le 05/03/2018

hautdepage