Плодна соработка меѓу средношколците од Тулон и Скопје [fr] [sq]

Амбасадорот ги покани во резиденцијата на Франција учениците од средното училиште "Ан-Софи Пик" од Тулон, заедно со нивните професори и професорите од средното угостителско училиште "Лазар Танев" од Скопје, коишто реализираа билатерална соработка.

Во таа пригода, тој ја поздрави размената помеѓу овие две институции, започната во 2011 година во рамките на програмата Еразмус. Француските ученици кои три недели беа на пракса во неколку ресторани во Скопје, ги споделија своите искуства со амбасадорот, кој по тој повод ѝ се заблагодари на директорката на Националната агенција за европски образовни програми г-ѓа Лидија Димова за нејзината поддршка на проектот.

JPEG

publie le 23/05/2019

hautdepage