Плодна средба во општина Париз и во МЕНР [fr] [sq]

Градоначалникот на Скопје, г. Петре Шилегов, престојуваше во работна посета на Париз на 15 и 16 март, каде што оствари средби со француски официјални претставници од областа на урбаниот развој и меѓународната соработка.

Разговорите со заменик-градоначалникот на Париз, г. Кристоф Најдовски, како и со членовите на работната група за одржлив град при МЕДЕФ (комора на најголемите француски компании) и со претприемачи кои работат во областа на градежништвото, енергетската ефикасност, урбаната мобилност и управувањето со отпад, овозможија воспоставување на плодни контакти.
На средбата во француското Министерство за Европа и надворешни работи, г. Шилегов го информираше раководителот на секторот за земјите од Балканот, г. Тома Бертен, за зголемената меѓународна дипломатска активност на градот Скопје и потребата да се интензивира соработката на македонскиот главен град со европските главни градови. Двајцата соговорници се согласија дека соработката треба да се продлабочи и дека градот Скопје и Македонија треба да бидат повеќе вклучени во активностите на Меѓународната организација на Франкофонијата.

publie le 28/03/2018

hautdepage