По повод 25-годишнината, на гала концертот ќе настапат двајца исклучителни солисти [fr] [sq]

Двајца исклучителни солисти ќе настапат вечерва на гала концертот:

Елена Голомеова, сопран, која со пеење се занимава од својата 14-годишна возраст. Како талентирана пејачка, настапува од мали нозе на детските фестивали, а прва награда за лирско пеење во Македонија освојува на 18-годишна возраст. Настапува на концерти со Филхармонискиот оркестар во Македонија, потоа во Хрватска, во Франција, на Фестивалот во Мантон, како и на голем број други реномирани фестивали во Македонија, Париз и во Ница, каде што завршува студии по соло пеење во класата на М.Ж.Р Гање. Магистрира во Париз во класата на професорката Жаклин Бонардо.
Бас-баритонот Жак-Грег Белобо почнал да изучува пеење во Ница. Во 1997 година се приклучил кон конзерваториумот на градот Ница, а следната година и во Париз. Од 2001 работи на Bayerische Staatsoper во Минхен, потоа во Semperoper во Дрезден во 2003 година. Тој денес живее на релација Париз - Берлин - Јаунде, каде што сонува да отвори меѓународен конзерваториум за музика.

publie le 12/06/2018

hautdepage