Почеток на реколтата по долината на реката Вардар, каде што има 6.500 регистрирани лозари [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од новото аташе за соработка, г-ѓа Жили Maравал, присуствуваше во недела, на 9 септември на "Тиквешкиот гроздобер" по повод одбележувањето на почетокот на реколтата по долината на реката Вардар, каде што има 6.500 регистрирани лозари од Кавадаречко.

Во таа пригода, амбасадорот се сретна со Претседателот Иванов и со Министерот за Надворешни работи, Никола Димитров, а имаше и одвоени средби со градоначалникот, г. Митко Јанчев и со г. Бетиане Китев, пратеник од СДСМ и член на парламентарната група за соработка Франција - Македонија.

Амбасадорот ја посети и винаријата Лепово - Тиквеш, на покана на нејзиниот сопственик и претседател на управниот одбор на "Винарската визба Тиквеш", член на групацијата "М6", г. Светозар Јаневски, голем франкофил и една од водечките личности во македонскиот деловен свет. Овие состаноци овозможија да се разговара за поволните перспективи за европска интеграција на земјата и нашата соработка во областа на земјоделството низ призмата на успех на референдумот предвиден за 30-ти септември.

publie le 10/09/2018

hautdepage