Почит на војниците на Француската армија од Источниот фронт која се борела на 29 и 30 септември 1918 година во Скопје [fr] [sq]

Г-ѓата пратеничка Лилјана Танги им оддаде почит на тие што војувале за да ја одбранат својата татковина и нејзините вредности : слободата, еднаквоста и братството, подготвувајќи го создавањето на Европа во која се втемелени мирот и владеењето на правото.

Г-ѓа Лилјана Танги, (политичка партија Републиката во движење) пратеничка од Финистер во Француското собрание, потпретседател на Комисијата за европски прашања и на парламентарната група за соработка Франција-Македонија положи роза пред споменикот подигнат во сеќавање на војниците на Француската армија од Источниот фронт која се борела на 29 и 30 септември 1918 година во околината и во самиот град Скопје, тогаш наречен Ускуп. Пратеничката им оддаде почит на тие што војувале за да ја одбранат својата татковина и нејзините вредности : слободата, еднаквоста и братството, подготвувајќи го создавањето на Европа во која се втемелени мирот и владеењето на правото.

publie le 21/09/2018

hautdepage