Поддршка од Франција во областа на правосудството и во програмирањето на европските фондови за јакнење на доброто владеење [fr] [sq]

Амбасадорот, во придружба на аташето за соработка, учествуваше во понеделникот, на 10 септември во работната група организирана од министерката за правда и делегацијата на Европската унија.

JPEG

Во овој клучен момент од подготовката на реформите во областа на правосудството, тој се осврна на постигнувањата од нашата соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и повика на реализација на конкретни проекти во овој сектор којшто е од суштинско значење за приближувањето кон Европа. На тој начин, Франција ќе ја даде својата билатерална поддршка на Македонија и активно ќе придонесе во програмирањето на европските фондови за јакнење на доброто владеење.

publie le 13/09/2018

hautdepage