Поддршка од Франција за невладините организации задолжени за ромската заедница во Македонија [fr] [sq]

Соочувајќи се со проблемите кои постојат кај ромското население во Македонија, граѓанското општество се обидува со помош на активности на локални НВО а кои се поддржани од Франција, да ја подобри состојбата на Ромите и нивна вклученост во македонското општество.

JPEG
На 16 април, во Амбасадата на Франција, францускиот Амбасадор заедно со Аташето за соработка, остварија средба со Господинот Аксел Ахмедовски, Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, на негово барање, придружуван од двајцата советници, Госпоѓа Сенада Ламовска и Господин Зекир Абдулов.

За време на средбата, се разговараше за можноста за француска поддршка на НВО кои соработуваат со кабинетот на Министерот Ахмедовски, за вклученост на Ромите во македонското општество како и за подобрување на нивната состојба.

publie le 09/05/2018

hautdepage