Поддршка за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” [fr] [sq]

Амбасадата на Франција му посакува успех на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на македонската режисерка Теона Стругар-Митевска

Амбасадорот ја одликуваше г-ѓа Теона Стругар-Митевска, на 21 ноември, со Орденот Витез од Редот на уметностите и книжевностите (bit.ly/2DXIU29).

JPEG - 73.6 ko

На 10 февруари, нејзиниот филм ќе биде прикажан во официјална конкуренција на престижниот филмски фестивал во Берлин.Премиерата во Франција ќе се одржи на 24 април 2019 година.

JPEG - 87.8 ko

Снимена во Штип, оваа копродукција на „Македонија - Франција - Белгија - Словенија и Хрватска" со буџет од околу 1,4 милиони евра беше поддржана од најголемиот европски филмски фонд, Еуримаж. Филмот е посветен на тешката афирмација на жените во контекст на патријархалните традиции во овој регион, поврзан со вистински настан: млада девојка од Штип, невработена, одлучува да скокне во водата за да го фати осветениот крст на Богојавление. Таа успева да го фати крстот, но тука започнуваат нејзините проблеми поврзани со учеството на жената на традиционалниот настан резервиран само за мажи.

publie le 22/01/2019

hautdepage