Поддршка за локалните чинители во контекст на пандемијата КОВИД-19 [fr] [sq]

Како поддршка на мерките во областа на здравството, амбасадата донира маски N95 на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Покрај тоа, за справување со социјалните влијанија од кризата, беше доделена субвенција на Црвениот крст на град Скопје, како и на здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово од Тетово. Поддршката кон нив е драгоцена, за да им се помогне на најранливите категории погодени од тековните економски тешкотии.

Нашата солидарност на терен е забележлива со нашето учество во европската помош, што е и најголем придонес за земјата, како и преку Француската агенција за развој, која се подготвува за поддршка на реформите, особено во областа на здравството и на животната средина.

publie le 21/04/2020

hautdepage