Подготовка за форумот во Белград: индустрија и трговија [fr] [sq]

Во четврток, на 22 февруари амбасадорот оствари средба со претседателот на Стопанската Комора на Северо-западна Македонија, г-дин Неби Хоџа.

Средбата беше можност да се разговара на теми поврзани со активностите на оваа организација, која ги претставува интересите на комерцијалните, индустриските и услужните компании во северозападниот регион на земјата. За време на средбата, амбасадорот го информираше г. Хоџа за одржувањето на следниот економски форум "Франција-Балкан" од 30 мај до 1 јуни 2018 година во Белград, на кој ќе учествуваат политички, економски и деловни лидери од Франција и од 12 земји (Западен Балкан, Хрватска, Бугарија, Романија, Грција, Кипар, Молдавија).

publie le 27/02/2018

hautdepage