Подобрување на состојбата на Ромите во Македонија [fr] [sq]

Лицата без документи, домувањето, образованието и вработувањето се главните проблеми со кои се соочува ромското население во Македонија. Амбасадорот, придружуван од аташето за соработка, се сретна на 1 март со министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, г. Аксел Ахмедовски.

JPEG

На оваа средба, министерот го информираше амбасадорот за неговите конкретни проекти во корист на ромското население. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста и заедничкиот интерес од континуираната посветеност на сите надлежни институции за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија. Амбасадорот го информираше министерот за конкурсот на амбасадата за невладини организации на тема интеграција на младите и спортот, што треба да овозможи здруженија фокусирани на интеграцијата на Ромите, повторно да добијат наша поддршка.

JPEG

publie le 05/03/2018

hautdepage