Подобрување на условите за пристапност на граѓаните со намалена подвижност [fr] [sq]

Во петокот на 11 октомври, амбасадорот се сретна со Драган Спасовски од Куманово, лице со намалена подвижност, кој му ги претстави тешкотиите со кои секојдневно се соочува и реалните услови што не се прилагодени на неговите потреби поради тоа што релевантните закони во согласност со стандардите на ЕУ не се применуваат доволно.

Во оваа пригода, амбасадорот го информираше за конкретните мерки што ги презема амбасадата на Франција и за неодамнешните активности во однос на состојбите во нашата земја. Тој му изрази целосна поддршка во борбата за конкретно подобрување на условите за пристапност на оваа категорија граѓани и вети дека ќе ги пренесе овие причини за загриженост до надлежните органи.

JPEG

publie le 14/10/2019

hautdepage