Полициска обука: доделени цертификати за следење на обука на деветмина полициски службеници од македонското Министерство за Внатрешни работи [fr] [sq]

Доделување на сертификатите за обука на тема "Визуелизација на траги од папиларни линии со примена на хемиски и физички процеси", на деветмина полициски службеници од македонското Министерство за Внатрешни работи, Оддел за криминалистичка техника.

Во четврток, 5 април, вршителот на должност, придружуван од аташето за внатрешна безбедност, ги додели сертификатите за обука на тема "Визуелизација на траги од папиларни линии со примена на хемиски и физички процеси", на деветмина полициски службеници од македонското Министерство за Внатрешни работи, Оддел за криминалистичка техника, во присуство на Заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност и на Началникот на Одделот за криминалистичка техника. Оваа обука беше спроведена од г. Жонатан Пегер, експерт од француската Управа за техничка и научна полиција на Екили. Следниот ден, аташето за внатрешна безбедност, во присуство на експертот Жонатан Пегер и на Началникот на Одделот за криминалистичка техника се сретна со полициските службеници од Одделот за криминалистичка техника при СВР-Тетово. За разлика од традиционалните начини на земање отпечатоци со прав од алуминум, којшто се прави на мазни површини, стакло или мебел, хемиските постапки може да откријат отпечатоци на други подлоги: хартија, ребрасто дрво, леплива подлога или пластифицирана и облека... Од друга страна, употребата на хемикалии мора да ги исполнува оптималните услови за безбедност за вработените кои ги користат, како при нивното чување, така и при нивната употреба. Разговорот со вработените овозможи да се разменат искуства и да се согледаат опремата и техниката со коишто располага оваа единица, како и тешкотите со кои се соочува при проширен обем на работа во последниве години. Средбата заврши со посета на просториите на Одделот за криминалистичка техника.

publie le 14/04/2018

hautdepage