Полициска соработка против хулиганство [fr] [sq]

Полицискиот командант Жан-Пол Диспанс одржа обука за борба против хулиганство.

Обуката беше наменета за 25 вработени од единиците за интервенција и брзо распоредување, како и за полициските единици од Скопје.

Во петок, на 9 ноември во амбасадата на Франција, по завршувањето на обуката беа доделени дипломите на слушателите, во присуство на Заменикот на претседателот на Владата и министер за Внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски.

Во своето обраќање, амбасадорот ја истакна динамиката на техничката француско-македонска соработка со Полицијата низ конкретни активности во 2018 година: криминалистичка техника, борба против трговијата со опојни средства, технички и оперативни решенија при масовни убиства, како и техники на искачување и употреба на јажиња при активности на Полицијата и службите за цивилна безбедност. Тој потврди дека овие програми ќе продолжат и во 2019 година, истакнувајќи ја нашата поддршка за реформите што започнаа во 2016, а чии резултати ќе бидат од суштинско значење за европската интеграција на Македонија. При некои од овие активности за соработка организиравме и донација на опрема.

publie le 27/11/2018

hautdepage