Полициска соработка против трговијата со дрога [fr] [sq]

Во четврток, на 18 октомври, експертот Жак Гомбо ја спроведе обуката наменета за 18 инспектори на службите за борба против трговија со дрога при македонското Министерство за внатрешни работи.

Во четврток, на 18 октомври, по завршувањето на обуката, амбасадорот им ги врачи дипломите на учесниците. Исто така, во присуство на Заменик-министерот за Внатрешни работи, г-дин Агим Нухиу и на раководителите на службите за борба против организираниот криминал и против трговијата со дрога, на овие служби им беше предадена донација од три комплети тестери за брза детекција на дроги. За време на настанот, експертот му додели на Заменик-министерот медал на Централната дирекција за криминалистичка и судска полиција.

publie le 22/10/2018

hautdepage